Фудбал

РИВАЛСТВОТО ОСТАНА НА СТРАНА: РЕАЛ МАДРИД ИСПРАТИ ПОРАКА ДО МЕСИ

Лионел Меси доживеа тежок семеен удар откако неговиот татко Хорхе Меси почина на 68-годишна возраст по долга борба со тешка болест.

Веста предизвика бројни реакции во фудбалскиот свет, а меѓу првите клубови кои јавно изразија сочувство беше и Реал Мадрид.

Гестот на кралевите привлече посебно внимание поради долгогодишното ривалство со Барселона, клубот во кој Меси го помина најголемиот дел од кариерата и стана една од најголемите легенди во неговата историја.

Реал Мадрид, неговиот претседател и Управниот одбор длабоко жалат поради смртта на Хорхе Меси, таткото на Лео Меси. Нашиот клуб сака да изрази сочувство до Лео, неговото семејство и сите негови најблиски. Почивај во мир“, се наведува во пораката на мадридскиот клуб.

Иако Меси со години беше еден од најголемите ривали на Реал и главна фигура во бројните незаборавни Ел Класико пресметки, во Мадрид во овој момент го оставија спортското ривалство настрана.

Пораката на Реал уште еднаш покажа дека во моменти на лична и семејна загуба, границите меѓу најголемите спортски ривали исчезнуваат.