Фудбал

ЧАЛХАНОГЛУ ПРЕСАДИ КОСА, МОДРИЌ ПРОВЕРИ КОЛКУ Е ПОРАСНАТА (ВИДЕО)

Лука Модриќ повторно покажа дека е еден од најомилените фудбалери меѓу колегите, но и дека не пропушта прилика за добра шега дури и со противниците.

По завршувањето на натпреварот против Интер во Австралија, хрватскиот ветеран се поздравуваше со играчите на градскиот ривал, а кога стигна до Хакан Чалханоглу, веднаш го „пецна“ поради неговиот нов изглед.

Турскиот репрезентативец неодамна беше на трансплантација на коса во Турција, а Модриќ со насмевка нежно го потапша по главата, алудирајќи токму на неодамнешниот зафат.

Чалханоглу веднаш ја сфати шегата и реагираше со насмевка, па двајцата разменија неколку зборови во пријателска атмосфера. Симпатичниот момент брзо стана хит на социјалните мрежи.