ЛОШИ ВЕСТИ ЗА СИНЕР? ИТНО ЗАВРШИ ВО ОРТОПЕДСКА КЛИНИКА
Објавено на: 06.08.2026
Најдобриот светски тенисер Јаник Синер итно бил прегледан во приватна ортопедска клиника во Милано, објавија италијанските медиуми, предизвикувајќи голема загриженост пред почетокот на УС Опен.
Според информациите, Синер во вторникот наутро бил подложен на детални лекарски прегледи, а неговиот тим реагирал по итна постапка. Италијанските новинари тврдат дека дури и неговиот физиотерапевт го прекинал одморот за да се врати и да присуствува на прегледите.
Засега нема официјални информации зошто првиот светски рекет завршил во клиниката. Не е познато дали станува збор за рутинска контрола или за здравствен проблем, но се наведува дека Синер останал на дополнителни испитувања.
Ситуацијата доаѓа во чувствителен момент, бидејќи до почетокот на УС Опен останува помалку од еден месец. Доколку се покаже дека станува збор за посериозна повреда, Италијанецот би имал многу малку време за закрепнување.
Во меѓувреме, неизвесен е и настапот на Карлос Алкараз, кој сè уште се опоравува од повреда на десниот зглоб на раката. Тоа отвора можност последниот Гренд слем турнир сезонава да остане без двајцата најдобри тенисери на АТП-листата.