КОМО ГИ ПРЕДУПРЕДИ НАВИВАЧИТЕ: ТРИ ПРОПУШТЕНИ НАТПРЕВАРИ И БЕЗ СЕЗОНСКИ БИЛЕТ!
Објавено на: 03.08.2026
Приказната на Комо во последните неколку години е една од најневеројатните во европскиот фудбал. Клубот, кој во сезоната 2019/20 настапуваше во Серија Ц, за само неколку години направи неверојатен скок – преку промоција во Серија Б, пласман во Серија А, а потоа и историски пробив во Лигата на шампионите. Зад овој подем стојат индонезиските сопственици од Џарам Груп, кои инвестираа сериозни средства и поставија долгорочна стратегија за развој на клубот.
Еден од клучните луѓе во новата ера на Комо е Сеск Фабрегас. Поранешниот шпански репрезентативец прво пристигна како играч, а потоа ја презеде тренерската улога и стана едно од заштитните лица на проектот. Под негово водство, Комо игра модерен и атрактивен фудбал, што дополнително ја зголеми популарноста на клубот.
Со успехот дојде и огромен интерес за билетите. Поради тоа, Комо воведе ново правило за сопствениците на сезонски билети: секој што ќе пропушти повеќе од три домашни натпревари без навремена најава и оправдана причина, може да го изгуби сезонскиот билет, како и правото да го обнови за следната сезона. Целта е секое место на стадионот Џузепе Синигаља да биде исполнето и билетите да останат во рацете на вистинските навивачи.
Од клубот објаснуваат дека мерката е воведена поради огромната побарувачка за билети и желбата на секој домашен натпревар атмосферата да биде на највисоко ниво, особено по историскиот успех и настапите на европската сцена