АЛКАРАЗ СО ДРЕЈК ФРИЗУРА ПРЕД ТУРНЕЈАТА ВО САД
Објавено на: 01.08.2026
Карлос Алкараз повторно е во центарот на вниманието, но овојпат не поради тенисот, туку поради својот нов изглед.
Шпанецот, кој веќе речиси четири месеци е надвор од терените поради повреда на зглобот, ги воодушеви навивачите со новата фризура – плетенки, препознатливиот стил на НБА ѕвездата Каваи Леонард и раперот Дрејк.
Пред само две недели, на финалето на Светското првенство, Алкараз се појави со најдолгата коса што досега ја имал во јавност. Сега целосно го промени имиџот, а фотографиите што ги објави на социјалните мрежи предизвикаа бројни позитивни реакции.
Carlos Alcaraz showing off a new hairstyle on IG pic.twitter.com/eFVsY9T0QO
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) July 30, 2026
Алкараз се очекува да се врати на терените на 13 август, на Мастерсот во Синсинати. Интересно е што и минатата сезона токму пред американската турнеја го промени изгледот, а потоа ги освои и Синсинати и УС Опен.
Шпанецот се надева дека и овојпат новиот имиџ ќе му донесе среќа на враќањето по долгата пауза.