ЗЛАТНАТА БЕЛГИСКА ГЕНЕРАЦИЈА – ‘РЃОСА
Објавено на: 08.10.2021
Мартинез на клупата, легија во полето – Белгија долго време чека пехар, но не успеа ниту во Лигата на нациите, споредно натпреварување кое се игра за престиж. Загуби во полуфиналето од Франција со 2:3, откако водеше со 2:0.

Селекторот се поврзува со бројни европски екипи, меѓу кои и Барселона, а играчите настапуваат во најдобрите европски екипи и примаат милионски плати. Дали оваа Белгија е нов доказ дека 10 Марадони не може да играат во ист состав?

На дел од репрезентативците им истекува зенитот во формата, дел се повредени или биле повредени, другите се млади и неискусни, трети не може да си го најдат местото. Биолошкиот часовник отчукува, ќе освои ли оваа генерација нешто, или само ќе ‘рѓоса?