КОЈ ДРУГ ИГРАЛ ВО ИСТ ДЕН И ЗА КЛУБОТ И ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА?
Објавено на: 09.10.2021
Раритетниот момент од кариерата на славниот велшки фудбалер, нема никој да го повтори, веќе никогаш. Ова особено важи поради професионализацијата на спортот и конципирањето на календарите, но и поради односот на фудбалерите кон своите клубови и националните состави.
Легендарниот Марк Хјус, на 11-ти ноември 1988-та година прво одигра пладневна средба за Велс во квалификациите за следното ЕУРО, на гости кај Чешка во Прага. Потоа, истиот ден вечерта, настапи за Баерн Минхен против Борусија Менхенгладбах во рамките на германскиот национален Куп.

Велс загуби од Чешка, односно тогашна Чехословачка со 2:0, а Баерн победи во Минхен со 3:2, со пресврт во продолженијата, откако мечот заврши 1:1. Хјуз стигна да влезе во игра во второто полувреме, а идејата била на Ули Хенес, тогашен прв оперативец на баварската машинерија.
Спонзорот на Баерн Минхен од 1984-та до 1989-та година беше Комодоре, американската компанија која произведуваше компјутери, кои во тоа време беа поценети од автомобилите. Најпознат од сите беше Комодоре 64, а најпознати беа игриците Контра, Дабл-драгон, Бабл-бабл…