Фудбал

РОНАЛДО ВИКЕНДОВ СЕ ЖЕНИ, А МЕЃУ ГОСТИТЕ И ФУДБАЛЕРИ НА РЕАЛ СО КОИ НИКОГАШ НЕ ИГРАЛ

Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез, според португалските медиуми, викендов конечно ќе стапат во брак.

Наводно, свадбената церемонија е закажана за 1 август на имотот Quinta da Regaleira во Синтра, Португалија. Иако славниот пар сè уште не ги потврдил овие информации, медиумите веќе пишуваат за деталите околу настанот.

Според извори блиски до парот, Џорџина сакала свадбата да биде интимна и да присуствуваат само најблиските, но листата на гости сепак најавува вистински спектакл.

Меѓу поканетите, наводно, се и ѕвездите на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Родриго, иако Роналдо никогаш не бил нивен соиграч во кралскиот клуб. Засега не е познато дали ќе присуствуваат и неговите сегашни соиграчи од Ал Наср.

Покрај фудбалските ѕвезди, се споменуваат и бројни светски познати личности, меѓу кои Вин Дизел, Пирс Морган, Ријана, Џенифер Лопез, Дрејк, Тревис Скот, Хабиб Нурмагомедов, Рио Фердинанд и популарниот јутјубер IShowSpeed.

Љубовната приказна на Роналдо и Џорџина започна во 2016 година, кога случајно се запознаа во продавница на Гучи во Мадрид, каде што таа работеше како продавачка. По речиси една деценија заеднички живот, според португалските медиуми, конечно дојде време и за свадба.