Кошарка

ПА ДОБРО БЕ, КАЈРИ, ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРАШ ИЛИ НЕ?

Една од најголемите актуелни НБА ѕвезди се уште не кажува дали ќе се вакцинира, што предизвикува социјален хаос во светот на спортот. Во услови кога повеќе од 95% играчи се вакцинирани, кошаркарот на Бруклин испраќа мешани сигнали до јавноста.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио, НБА легендата Карим Абдул-Џабар, па дури и шпанскиот премиер Педро Санчез го „искараа“ Ирвинг за неговиот несигурен став. Тој не смее да тренира со екипата, поради ковид протоколите кои важат во Њујорк.

Неговиот спонзор Најки, со кој има огромен договор вреден милиони долари, планира да ги пушти во оптек новите патики од моделот Кaјри на 8-ми ноември. НБА лигата треба да стартува на 20-ти октомври. Ќе се вакцинира Кајри Ирвинг од Нетс, или нема?