ОДБРОЈУВАМЕ ДО ЕЛ-КЛАСИКО: ДВАЈЦАТА СО НАЈМНОГУ НАСТАПИ СЕГА ГИ НЕМА И ИГРААТ ЗАЕДНО
Објавено на: 07.10.2021
Серхио Рамос и Лионел Меси се двајцата фудбалери со најмногу настапи во Ел-Класико дуелите, имаат по 45 и се изедначени на врвот на оваа листа. Сезонава, двајцата ги нема во редовите на нините поранешни екипи и ќе настапуваат како соиграчи во ПСЖ.
Реал го набрка капитенот Рамос, а го донесе Алаба од Баерн Минхен, додека Барселона го набрка капитенот Меси и го донесе Агуеро од Манчестер Сити. Можеби овие замени не беа директно предвидени, но на крајот на денот тоа е реалноста и вистината.

Следете не и дознајте повеќе за претстојното Ел-Класико на 24-ти октомври, на кое ќе патуваат двајцата среќни добитници од нашата наградна игра.