КРАЈ НА ЕРАТА НА ЛЕАО? МИЛАН ВЕЌЕ ИМА НОВА ЅВЕЗДА НА ВИДИК
Објавено на: 23.07.2026
Рафаел Леао е сè поблиску до заминување од Милан, а раководството на росонерите веќе работи на неговата замена.
Според Газета дело Спорт, италијанскиот клуб е подготвен да му дозволи на португалскиот репрезентативец да ја промени средината, а како најсериозен кандидат за негов ангажман се споменува турскиот шампион Галатасарај.
Во исто време, Милан веќе има јасна цел за засилување. Станува збор за 18-годишниот Константинос Карецас, еден од најголемите таленти на белгиски Генк.
И покрај младоста, Карецас веќе има 10 настапи за сениорската репрезентација на Грција и постигнато три гола. Тој е производ на академијата на Генк, а претходно настапуваше и за младинските категории на Андерлехт.
Во дресот на Генк досега одигра 114 натпревари, постигна 12 голови и запиша дури 28 асистенции, што го направи еден од најбараните млади офанзивци во Европа.
Неговата моментална пазарна вредност се проценува на околу 35 милиони евра, а доколку Леао навистина го напушти Сан Сиро, Карецас би требало да биде еден од клучните играчи врз кои Милан ќе ја гради својата иднина.