Фудбал

НЕ Е МОДА, ТУКУ ЉУБОВ КОН СИНОТ: ЕМОТИВНАТА ПРИЧИНА ЗОШТО КУКУРЕЉА НЕ СЕ ШИША

Долгата, кадрава коса на Марк Кукуреља со години е негов заштитен знак, а многумина веруваа дека станува збор за моден стил или суеверие. Но, шпанскиот репрезентативец откри дека зад неа се крие многу поемотивна причина.

Левиот бек на светскиот шампион призна дека не ја крател косата и никогаш не ја врзува за време на натпреварите поради својот најстар син Матео, на кого му е дијагностициран аутизам.

Тој потешко ги препознава луѓето, па мојата коса му помага веднаш да ме забележи на теренот меѓу сите 22 фудбалери.

Фудбалерот и неговата долгогодишна партнерка Клаудија Родригез и претходно отворено зборуваа за предизвиците со кои се соочиле по дијагнозата на нивниот син. Признале дека поминале низ тежок период, но дека токму Матео им помогнал поинаку да гледаат на животот и на секојдневните работи.

Затоа, препознатливата фризура на Кукуреља денес не е само негов имиџ, туку и исполнето ветување кон најважната личност во неговиот живот.

Додека навивачите во неговите кадрици гледаат препознатлив стил, за Кукуреља тие значат нешто многу поважно, сигурност дека неговиот син, без разлика на големината на стадионот или важноста на натпреварот, секогаш ќе може да го пронајде со поглед.