Фудбал

ГВАРДИОЛА БИРА ПОМЕЃУ ИТАЛИЈА И АНГЛИЈА?

Според италијанските медиуми, техничкиот директор на Италијанската фудбалска федерација, Паоло Малдини, заедно со својот соработник Леонардо, отпатувал во Барселона на средба со Гвардиола за да му ја претстави понудата.

Италијанците не му нудат само селекторска функција, туку и клучна улога во целосната реорганизација на италијанскиот фудбал, со значително поголеми овластувања од вообичаените за еден селектор.

Сепак, весникот La Repubblica тврди дека Италија има сериозна конкуренција. Наводно, Фудбалската асоцијација на Англија веќе му ветила на Гвардиола дека ќе го назначи за селектор по завршувањето на мандатот на Томас Тухел.

Тухел се најде под силен притисок по критиките за тактиката во поразот од Аргентина на Светското првенство. Иако засега останува на функцијата бидејќи има важечки договор, неговата иднина е неизвесна.

Интересно е што и пред назначувањето на Тухел постоел начелен договор Гвардиола да ја преземе англиската репрезентација, но шпанскиот стратег тогаш се предомислил и потпишал нов договор со Манчестер Сити.

Сега останува да се види дали Гвардиола ќе ја прифати понудата на Италија или ќе ја почека можноста еден ден да седне на клупата на Англија.