БИЗАРНА ПРЕЧКА: ФРАНЦИЈА ЌЕ ГО МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА ЗИДАН ДА СТАНЕ СЕЛЕКТОР
Објавено на: 16.07.2026
Само еден ден по елиминацијата на Франција во полуфиналето на Светското првенство и заминувањето на Дидие Дешамп, се појави неочекувана пречка за назначувањето на Зинедин Зидан за нов селектор.
Според Л’екип, Француската фудбалска федерација не може веднаш да му понуди договор на легендарниот Французин поради нов закон што неодамна беше усвоен во земјата.
Со законот, кој стапи на сила на 8 јули, е воведена максимална бруто-плата од 450.000 евра годишно за раководни лица во одредени јавни институции и организации од јавен интерес, а меѓу нив спаѓа и селекторот на француската репрезентација.
Проблемот е што оваа сума е десетпати помала од платата што ја добиваше Дешамп, па Федерацијата не може да му понуди договор што одговара на реномето на Зидан.
Поради тоа, Француската фудбалска федерација сега ќе мора да чека итна измена на законот или да добие специјално изземање, пред Зидан и официјално да биде именуван за нов селектор на триколорите.