Фудбал

АМОРИМ ИМА НОВА ЖЕЛБА: ГО БАРА ДЕФАНЗИВЕЦОТ КОМУ НАЈМНОГУ МУ ВЕРУВАШЕ ВО ЈУНАЈТЕД

Рубен Аморим сака повторно да соработува со Нусаир Мазрауи, а Милан веќе започнал разговори за ангажман на мароканскиот репрезентативец.

Според британските медиуми, новиот тренер на росонерите го гледа Мазрауи како идеална замена за Первис Еступињан, кој е сè поблиску до трансфер во Астон Вила.

Мазрауи минатата сезона одигра 49 натпревари за Манчестер Јунајтед, настапувајќи на повеќе позиции, како стопер, десен и лев бек, но и како крило. Токму неговата разновидност е една од главните причини поради кои Аморим инсистира на негов ангажман.

Наводно, Милан веќе воспоставил контакт со агентката на фудбалерот, Рафаела Пимента, иако официјални преговори меѓу двата клуба сè уште нема.

Трансферот ќе зависи од заминувањето на Еступињан. Астон Вила сака да го доведе еквадорскиот дефанзивец, но засега не успева да постигне договор со Милан околу обесштетувањето. Италијанскиот клуб бара околу 15 милиони фунти, додека Англичаните засега нудат 10 милиони.

Мазрауи има уште две години од договорот со Манчестер Јунајтед, а моментално настапува за Мароко на Светското првенство. Ако Еступињан си замине, токму тој е прв избор на Аморим за засилување на одбраната на Милан.