АНГЛИЧАНИТЕ СТРАВУВААТ: ЌЕ ИМ СУДИ „ОМИЛЕНИОТ СУДИЈА“ НА МЕСИ
Објавено на: 14.07.2026
ФИФА го одреди американскиот судија Исмаил Елфат за главен арбитар на полуфиналниот дуел меѓу Англија и Аргентина, а одлуката веднаш предизвика реакции во англиските медиуми.
Дејли Мејл пишува дека Елфат е судија кого многумина го нарекуваат „омилениот судија на Лионел Меси“, бидејќи досега четирипати му судел на аргентинскиот ас на клупско ниво и Меси победил на сите четири натпревари.
44-годишниот Американец беше и четврти судија во финалето на Светското првенство во 2022 година, кога Аргентина по изведување пенали ја совлада Франција. По доаѓањето на Меси во Интер Мајами, Елфат судеше и на неколку негови натпревари во МЛС и Лига Купот.
На актуелниот Мундијал веќе беше главен судија на три натпревари. Особено внимание привлече неговото судење на дуелот меѓу Норвешка и Бразил, кога по ВАР-интервенција досуди пенал за Бразил, кој Бруно Гимараеш не успеа да го реализира.
Назначувањето на Елфат доаѓа во период кога Аргентина е под лупа поради серија контроверзни судиски одлуки на натпреварите против Египет и Швајцарија. И покрај критиките, ФИФА неколкупати ги отфрли обвинувањата дека актуелниот светски шампион има судиска наклонетост.
Полуфиналето меѓу Англија и Аргентина се игра во среда во Атланта, а нема сомнеж дека секоја судиска одлука ќе биде внимателно анализирана.