ЗОШТО НЕ СЕ ВРАТИ ВО ЛИВЕРПУЛ? ЧАБИ АЛОНСО ГО ДАДЕ ОДГОВОРОТ
Објавено на: 14.07.2026
Новиот менаџер на Челси, Чаби Алонсо, конечно објасни зошто ја прифатил понудата од лондонскиот клуб, иако долго време се шпекулираше дека ќе се врати во Ливерпул, каде што како фудбалер ги доживеа најголемите успеси.
Шпанецот беше официјално претставен на Стемфорд Бриџ, а на првата прес-конференција беше прашан зошто го избрал Челси, а не Ливерпул.
Сè се сведува на тајмингот. Денес сум овде, на мојот прв ден на Стемфорд Бриџ, и навистина се радувам на овој предизвик. Челси е еден од најголемите клубови во светот и сакам да постигнам успеси тука.
Иако со месеци беше поврзуван со враќање на Енфилд, медиумите тврдат дека тој никогаш не водел конкретни разговори со Ливерпул, а Арне Слот го напуштил клубот дури откако Алонсо веќе го договорил ангажманот во Челси.
Шпанскиот стратег призна дека една од главните цели е враќање на Челси во европските натпреварувања.
Тоа сигурно е една од целите, но за да стигнеме до неа мора да направиме многу работи како што треба. Сакам да изградиме препознатлив стил на игра и тим кој секогаш ќе настапува со амбиција и победнички менталитет. Сè уште не сме комплетни, но ова е само почеток.
Челси минатата сезона остана без место во Европа за само еден бод, а Алонсо верува дека клубот има квалитет повторно да се врати меѓу најдобрите на континентот.