Фудбал

КОЈ ГО ОСВОИ СРЦЕТО НА ТРАМП? ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД НАВИВА ЗА ОВАА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Иако САД веќе го заврши настапот на Светското првенство, американскиот претседател Доналд Трамп има свој фаворит за освојување на титулата.

Во интервју за Дејли Мејл, неговиот претставник за Светското првенство, Ендру Џулијани, откри дека поддршката од Белата куќа сега оди кон Англија.

Ако САД не можат да го освојат Светското првенство во годината кога ја слават својата 250-годишнина, тогаш би било прекрасна приказна Англичаните да дојдат во Америка и токму тука да станат светски шампиони.

Тој смета дека Англија има сè што е потребно за да стигне до самиот крај.

Колку што знам, Англија чека речиси 60 години на нова светска титула. Би било прекрасно за нив ако конечно успеат. Искрено верувам дека можат да го освојат турнирот.

Тој откри и дека Доналд Трамп внимателно ги следи настапите на капитенот Хари Кејн, кого претходно јавно го пофали на социјалните мрежи, нарекувајќи го „голем фудбалер“ и „одличен човек“

Хари Кејн е најдобриот стрелец во историјата на Англија и ако тие ја освојат титулата, тој ќе биде една од главните причини за тоа. Заедно со Џуд Белингам се лидери на оваа генерација.

Според него, Англија располага со една од најдобро избалансираните репрезентации на турнирот и има реални шанси по речиси шест децении повторно да стане светски шампион.