ФИФА ПРОДАВА НОВА ТУРА БИЛЕТИ ЗА ФИНАЛЕТО: ЦЕНИТЕ УШТЕ ПОСОЛЕНИ
Објавено на: 13.07.2026
Останаа уште само четири натпревари до крајот на Светското првенство, а ФИФА повторно ги изненади навивачите: овојпат со цените на дополнителните билети за големото финале.
Само една недела пред мечот за титулата, светската куќа на фудбалот пушти во продажба околу 1.200 нови билети од втора категорија, распоредени претежно на повисоките делови од трибините.
Цената? Дури 7.380 американски долари за еден билет.
За оние кои сакаат место поблиску до теренот, ФИФА нуди и ограничен број билети од прва категорија, но нивната цена надминува 30.000 долари по билет.
Станува збор за официјални цени од ФИФА, а не за препродажба преку посредници, што дополнително ги изненади љубителите на фудбалот.
Очигледно, присуството на финалето на Светското првенство останува привилегија само за оние со навистина длабок џеб.