Фудбал

ФИФА НАЈДЕ НОВ НАЧИН ЗА ЗАРАБОТКА: ГО ПРОДАВА ТЕРЕНОТ ОД ФИНАЛЕТО НА СП

Иако финалето на Светското првенство ќе се одигра на 19 јули на стадионот во Мет Лајф, ФИФА веќе почна да продава делови од тревникот на кој ќе се води битката за светската титула.

Навивачите преку официјалната онлајн продавница можат да купат парче од тревата за околу 390 евра, а испораката ќе започне веднаш по завршувањето на финалниот натпревар.

Секое парче трева е вградено во висококвалитетен акрилен блок и доаѓа со USB-уред што содржи сертификат за автентичност, со кој се потврдува дека навистина потекнува од теренот на финалето.

ФИФА го претставува овој производ како уникатен колекционерски сувенир од еден од најголемите спортски настани во светот.

За оние со подлабок џеб, постојат и луксузни верзии на сувенирот со дополнителни елементи, чија цена достигнува и до 2.500 евра.

Во моментов, испораката е достапна само за САД, Велика Британија и земјите од Европа.