Фудбал

ДАЛИ БЕЛГИЈА БЕШЕ ОШТЕТЕНА ПРОТИВ ШПАНИЈА? (ВИДЕО)

Белгија успеа повеќе од очекувањата да го држи во неизвесност дуелот против Шпанија и можеби беше на неколку минути од продолженија кои ќе донесеа уште поголеми возбуди, но Мерино од клупа, со гол во 88 минута ја однесе црвената фурија во полуфинале.

Сепак, како црна дамка на победата на Шпанците ќе остане овој потег, во кој Родри повеќе од очигледно играше со рака во шеснаесетникот, но Мајкл Оливер не се огласи и не досуди пенал за Белгија.

Една од причините кои ќе ги прочитаме денес или утре од ФИФА ќе биде дека топката е одбиена или не влијаела на играта, но во позадина може да се забележи Лукаку кој секако дека би бил во шанса доколку топката „пројдеше“ понатаму.

Погледнете и оценете: