Фудбал

НЕОБИЧЕН ОБЛОГ ПРЕД ЧЕТВРТФИНАЛЕТО: АВИОКОМПАНИИТЕ ЌЕ ГИ СМЕНАТ ЛОГАТ

Натпреварот меѓу Норвешка и Англија во четвртфиналето на Светското првенство предизвика интересно „дерби“ и надвор од фудбалските терени.

Норвешката авиокомпанија Norwegian Air преку социјалните мрежи ја предизвика British Airways на необичен облог. Предлогот беше едноставен: авиокомпанијата чија репрезентација ќе загуби, ќе мора 24 часа да го замени своето лого на Инстаграм со логото на победничката компанија.

Британците првично се двоумеа, но на крајот ја прифатија понудата со духовит одговор на Инстаграм:

Не се обложувајте онаму каде што не можете да победите.

Оваа игра на зборови, која алудира и на името на Норвешка, брзо стана хит на социјалните мрежи, а навивачите со нетрпение го очекуваат исходот не само на теренот, туку и на Инстаграм.

Фудбалската еуфорија очигледно не ги зафати само навивачите и репрезентациите, туку и големите светски брендови, кои на креативен начин решија да го одбележат големото четвртфинале.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Norwegian (@flynorwegian)