Фудбал

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ПРОГНОЗИРА КОЈ ЌЕ ГО ОСВОИ СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

Како што Светското првенство 2026 влегува во својата завршница, сè почести се прогнозите за тоа која репрезентација ќе ја освои титулата. Една од нив доаѓа и од вештачката интелигенција.

Според анализата на ChatGPT, во полуфиналето ќе се пласираат Англија, Франција, Аргентина и Шпанија. На патот до таму, Англичаните ќе ја елиминираат Норвешка, Французите ќе бидат подобри од Мароко, Аргентина ќе ја совлада Швајцарија, а Шпанија ќе ја запре Белгија.

Во полуфиналето, ChatGPT прогнозира дека Англија конечно ќе ја прекине лошата традиција во нокаут-фазите и по изведување пенали ќе ја елиминира Аргентина.

Очекувам израмнет натпревар во кој двете селекции ќе се неутрализираат. Но, Англија во последните години значително напредуваше во подготовката за пенали и има одлични голмани, што конечно би можело да ѝ помогне да ја надмине својата историја.

Во второто полуфинале, Франција ќе ја победи Шпанија со 2:1, благодарение на брзите транзиции и индивидуалниот квалитет.

Тоа би значело големо финале меѓу Англија и Франција.

Иако на Англија ѝ дава реални шанси, ChatGPT сепак ја гледа Франција како благ фаворит.

Франција има поголема брзина во нападот и повеќе фудбалери кои знаат да решаваат големи натпревари. Килијан Мбапе е играч кој може да одлучи финале, а Франција има повеќе докажани победници во составот. Англија би останала вицешампион по уште еден одличен турнир, додека Франција би ја освоила својата трета светска титула.

Секако, станува збор само за анализа базирана на досегашните настапи и статистички проценки, а Светските првенства многупати покажале дека токму тие се најнепредвидливото натпреварување во фудбалот.