Фудбал

НЕСУДЕНИОТ ХЕРОЈ НА ЕГИПЕТ: ТУРНИРОТ Е НАМЕСТЕН

Египет остана без историски пласман во четвртфиналето на Светското првенство, откако Аргентина направи драматичен пресврт и славеше со 3:2. Но, по натпреварот најмногу внимание привлече емотивната реакција на напаѓачот Мустафа Зико.

Египќаните водеа со 2:0 на стадионот во Атланта, а Зико беше еден од стрелците, но Аргентина во самиот финиш успеа да го сврти резултатот. Во меѓувреме, на Египет му беше поништен уште еден гол по ВАР-интервенција, што дополнително ги разгневи фудбалерите.

Зико по последниот свиреж се појави пред новинарите во солзи и упати сериозни обвинувања кон францускиот судија Франсоа Летексије и кон ФИФА.

Судијата беше неправеден. Тоа беше очигледно и сите го видоа. Го уништи трудот на цела една нација. Од првата минута судеше против нас.

Потоа отиде чекор понатаму и ја обвини ФИФА дека го фаворизира актуелниот светски шампион.

Едноставно не ни дозволи да победиме и да се пласираме понатаму, иако водевме со 2:0. Аргентина… ова е наместен турнир. Бог ми е доволен и тој е најдобриот заштитник.

На прашањето дали има порака до навивачите во Египет, Зико повторно се расплака.

Искрено им се извинувам. Сакавме да го израдуваме нашиот народ, но не успеавме. Се колнам во Бога, ова не беше во наши раце. Сè беше во рацете на судијата. Турнирот е наместен уште од самиот почеток, сега тоа е сосема јасно.

Неговите изјави веднаш предизвикаа бурни реакции во светската јавност, бидејќи директно ги доведуваат во прашање судењето и интегритетот на Светското првенство.