ЛУКАКУ СО БРУТАЛНА ПРОВОКАЦИЈА: ГО ИМИТИРАШЕ ТРАМП ПО ПОБЕДАТА НАД САД
Објавено на: 07.07.2026
Белгија убедливо ги совлада Соединетите Американски Држави со 4:1 и обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство, но по натпреварот најмногу внимание привлече потегот на Ромелу Лукаку.
Белгискиот напаѓач по еден од головите го изведе препознатливиот танц на американскиот претседател Доналд Трамп, што многумина го протолкуваа како директна порака по контроверзијата околу Фоларин Балогун.
Во пресрет на натпреварот, ФИФА ја одложи суспензијата на американскиот напаѓач и му дозволи да настапи против Белгија, откако Трамп призна дека разговарал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, барајќи случајот повторно да биде разгледан.
Сепак, Балогун не остави речиси никаков впечаток на теренот, а Белгија рутински го елиминираше домаќинот на турнирот.
По натпреварот, белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс откри дека токму случајот со Балогун дополнително ја мотивирал селекцијата.
Да бидеме искрени, одржавме состанок кога ја слушнавме веста. Си рековме дека ќе зборуваме на теренот. Токму тоа и го направивме денес. Многу сум горд на тимот.
Во меѓувреме, видеото од танцот на Лукаку експресно се прошири на социјалните мрежи, каде многумина оценија дека станува збор за јасна порака кон Трамп, чија интервенција не успеа да го спаси американскиот тим од елиминација.
La selección de #Belgica se burla de Trump y en su casa. pic.twitter.com/sQEwyKqM3L
— ZuritaCarpio (@ZuritaCarpio) July 7, 2026