Фудбал

ТРАМП НЕ ЗНАЕЛ ШТО ЗНАЧИ ЦРВЕН КАРТОН

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека телефонски разговарал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, по контроверзниот црвен картон што Фоларин Балогун го доби на натпреварот против Босна и Херцеговина.

Сепак, Трамп нагласи дека не влијаел врз конечната одлука на ФИФА.

Сè што направив беше да побарам одлуката да се преиспита. Не му реков: „Мора да го направиш ова“. Не мислев дека беше прекршок. Двајца играчи трчаа со полна брзина и едноставно се судрија.

Тој додаде дека не можел да му наредува на Инфантино.

Не му кажував што да направи. Не можам јас да му кажувам што да прави. Независната комисија ја донесе вистинската одлука.

Трамп не застана тука, туку го критикуваше и судијата кој му го покажа црвениот картон на Балогун.

Малку е сомнителен. Проверете го неговото минато.

Тој откри и дека првично не знаел дека директниот црвен картон автоматски значи суспензија за следниот натпревар.

Не знаев што значи тоа. Мислев дека не е нешто посебно. Потоа ми кажаа дека нема да може да игра на следниот натпревар. Тоа е многу неправедно. Едно е да казниш некого за натпреварот на кој направил прекршок, но зошто да го казниш и за натпревар што сè уште не е одигран? Тоа нема логика.

Во меѓувреме, независната дисциплинска комисија на ФИФА ја преиначи одлуката и ја одложи суспензијата на Балогун условно за една година, што значи дека американскиот напаѓач ќе може да настапи во осминафиналето против Белгија.

Одлуката предизвика жестоки реакции во Белгија. Белгискиот фудбалски сојуз соопшти дека сè уште не добил официјално образложение од ФИФА и најави дека ќе ја оспори правото на настап на Балогун.

Ќе продолжиме да се бориме во одбрана на етичките принципи, фер натпреварувањето и интересите на фудбалот.