Фудбал

ЕКСПЕРТИТЕ ЧИТАА ОД УСНИ: ОТКРИЕНО ШТО МУ КАЖАЛ НЕЈМАР НА НОРВЕШКИОТ ГОЛМАН

Бразил го заврши настапот на Светското првенство уште во осминафиналето по поразот од Норвешка (2:1), а по натпреварот во јавноста се појавија интересни детали од пеналот што го изведе Нејмар во судиското продолжение.

Бразилската телевизиска емисија Фантастико, со помош на експерти за читање од усни, го реконструираше разговорот меѓу Нејмар и норвешкиот голман Орјан Ниланд непосредно пред изведувањето на ударот од белата точка.

Според нивната анализа, Нејмар се обидел психолошки да го испровоцира голманот.

Каде сакаш да шутирам? Каде сакаш?

Ниланд му возвратил со насмевка:

Во стативата. Во стативата.

Нејмар потоа одговорил:

Нема да ти успее тоа со мене, идиоте.

Бразилската ѕвезда беше прецизна од пенал, но тоа не беше доволно за пресврт. Норвешка славеше со 2:1, предводена од Ерлинг Халанд, и за првпат во својата историја избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство.

Интересно е што тоа не беше единствениот пенал за Бразил на натпреварот. Во првото полувреме, при резултат 0:0, Бруно Гимараеш не успеа да го совлада Ниланд, кој го одбрани неговиот удар од белата точка.

И покрај голот на Нејмар, Бразил повторно остана без светската титула, која последен пат ја освои во 2002 година.