Фудбал

МАТАНОВИЌ ПРИЗНА: ЈА ДОПРЕВ ТОПКАТА СО КОСАТА

Хрватската репрезентација го заврши настапот на Светското првенство по поразот од Португалија со 2:1 во осминафиналето, а најконтроверзниот момент од натпреварот беше поништениот гол на Јошко Гвардиол во судиското продолжение.

Причина за поништувањето беше офсајдот на Марио Пашалиќ, кој настанал откако Игор Матановиќ минимално ја допрел топката. Тој детал не можеше да се забележи на снимките, но беше регистриран од чипот вграден во официјалната топка на Светското првенство.

По натпреварот, Матановиќ призна дека почувствувал контакт.

Искрено, мислам дека почувствував мал допир со косата и го прашав судијата што се случи. Не бев сто проценти сигурен, но ми кажа дека во топката има чип кој регистрирал контакт. Тогаш ми беше јасно дека станува збор за офсајд.

Неговата искреност не остана незабележана. Британскиот SportBible ја пофали реакцијата на Матановиќ, истакнувајќи дека ретко се случува фудбалер јавно да признае ваков речиси незабележлив контакт, особено во момент кој директно влијаел на елиминацијата на неговата репрезентација.

Токму допирот со косата беше доволен технологијата вградена во топката да регистрира нов момент на игра, по што ВАР потврди дека Пашалиќ се наоѓал во недозволена позиција, а голот на Гвардиол беше поништен.