Фудбал

МУРИЊО И СПАЛЕТИ КАКО МААЛСКИ ДРУГАРИ

Екипите на Наполи и Рома во текот на вчерашниот ден во ист термин играа против Фиорентина во гости, односно против Емполи во Рим.

По завршувањето на натпреварот, од DAZN Италија ги вклучија двајцата тренери на Наполи и Рома на „соочување“.

За оние кои не разбираат Италијански, подолу можете да ја прочитате размената на пораки меѓу Мурињо и Спалети.

Големиот Спалетоне, што правиш? Дали сакаш да победиш се до крај?

На што Спалети возврати:

Добар си Жозе, но и опасен.

На тоа Жозе возврати:

Следниот гостински натпревар мора да го изгубиш (Наполи игра против Рома).

И за крај Спалети додаде:

Во Наполи имаме различни оружја со кои ќе тргнеме по тебе, заврши Спалети со насмевка.

Двајцата спортски се поздравија, па останува да видиме дали ќе биде вака пријателски и за три недели.