Фудбал
ПРЕД ТОЧНО ЕДНА ГОДИНА, ФАВОРИТИТЕ БЕА РАСТРГНАТИ
Објавено на: 04.10.2021
Екипите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул, најтрофејните клубови, најголемите конкуренти во Премиерлигата и воопшто во историјата на англискиот фудбал, доживеаја два бродолома на денешен ден пред една година.

На 4-ти октоври 2020-та, Манчестер Јунајтед дома загуби од Тотенхем со 1:6, додека Ливерпул на гости беше совладан од Астон Вила со 7:2. Мечевите се играа во рамките на 4-то коло, титулата ја освој Манчестер Сити.