МУРИЊО ГРАДИ НОВ РЕАЛ: СЛЕДНА ЦЕЛ Е ДЕФАНЗИВЕЦОТ НА АРСЕНАЛ
Објавено на: 09.06.2026
Реал Мадрид веќе почна да работи на засилувањата за новата сезона, а едно од имињата што се наоѓа високо на листата на желби е италијанскиот репрезентативец Рикардо Калафиори.
Според информациите од Италија, шпанскиот гигант веќе воспоставил контакт со Арсенал за да ги дознае условите под кои би можел да го доведе 23-годишниот дефанзивец во Мадрид.
Интересот на кралевите доаѓа откако медиумите во Шпанија објавија дека Жозе Мурињо, кој е пред враќање на клупата на Реал Мадрид, лично побарал ангажман на Калафиори. Португалскиот стратег наводно го гледа Италијанецот како важен дел од новиот проект на Сантијаго Бернабеу.
Според Скај Спорт, првичниот контакт меѓу двата клуба веќе се случил, но засега станува збор само за информативен разговор. Реал Мадрид побарал детали околу достапноста на играчот и можните услови за трансфер, без да испрати официјална понуда.
Калафиори минатото лето пристигна во Арсенал како едно од најголемите засилувања во одбраната, а со своите настапи брзо се наметна како важен дел од тимот. Неговата способност да игра како централен дефанзивец, но и како лев бек, дополнително ја зголемува неговата вредност на пазарот.
Во меѓувреме, Реал Мадрид работи и на други трансфер цели, а пред обзнанување се Дамфрис од Интер и Конате од Ливерпул. Доколку трансферот на Калафиори навистина се реализира, тоа би било уште едно големо засилување за Реал Мадрид во обидот да изгради тим способен да доминира во Европа во наредните години.