СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА ФОТОГРАФИЈАТА НА МАРОКАНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Објавено на: 07.06.2026
Мароканската репрезентација се најде во центарот на контроверзи само неколку дена пред стартот на Светското првенство, и тоа поради фотографија објавена на социјалните мрежи.
Мароканците, кои важат за едни од потенцијалните изненадувања на турнирот по историското четврто место на претходниот Мундијал, отпатуваа кон Северна Америка каде ќе го започнат својот настап против Бразил.
Пред полетувањето беше направена вообичаена заедничка фотографија на репрезентацијата со екипажот на авионот. Но токму таа фотографија предизвика бура од реакции откако беше забележано дека женскиот дел од екипажот, стјуардесите се замаглени на објавената верзија.
Потегот предизвика бројни критики и негативни коментари на социјалните мрежи, каде многумина го оценија како навредлив и непотребен во 21 век.
Засега нема официјално објаснување од Мароканската фудбалска федерација зошто е направена таквата интервенција на фотографијата, но контроверзната објава веќе стана една од најкоментираните теми поврзани со Светското првенство.
𝗟𝗔 𝗣𝗛𝗢𝗧𝗢 𝗢𝗙𝗙𝗜𝗖𝗜𝗘𝗟𝗟𝗘 𝗗𝗘 𝗟𝗔 𝗦𝗘́𝗟𝗘𝗖𝗧𝗜𝗢𝗡 𝗠𝗔𝗥𝗢𝗖𝗔𝗜𝗡𝗘 !!! 🇲🇦📸
Hakimi sait conduire un car, maintenant on va savoir s’il sait piloter un avion. ✈️ pic.twitter.com/9IUE8TXR84
— Actu Foot Maroc (@ActuFootMaroc) June 3, 2026
Мароко на последниот Мундијал во Катар испиша историја како прва африканска селекција што стигнала до полуфинале на Светско првенство, па очекувањата од оваа генерација повторно се големи. Сепак, пред турнирот вниманието наместо на фудбалот, накратко се префрли на една фотографија која предизвика лавина реакции.