Фудбал

ХАЛАНД ВО РЕАЛ? СТИГНА ЈАСЕН ОДГОВОР ОД НЕГОВИОТ ТАТКО

Шпекулациите за можен трансфер на Ерлинг Халанд во Реал Мадрид добија ново продолжение, но овојпат со јасен одговор од најблискиот круг на норвешката ѕвезда.

Кандидатот за претседател на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, неодамна вети дека доколку победи на изборите ќе ги доведе Ерлинг Халанд и Родри од Манчестер Сити како свои први големи засилувања.

Рикелме отиде чекор понатаму и јавно порача дека ќе им ги плати членарините на сите членови на клубот за сезоната 2027/28 доколку не го исполни тоа ветување.

Но додека навивачите на Реал почнаа да сонуваат за нова трансфер-бомба, стигна реакција од таткото на Халанд, Алфи Халанд, како и од неговата агентка Рафаела Пимента.

Сето тоа е многу забавно да се чита, но не е вистина. Им посакуваме многу среќа на двајцата кандидати на претседателските избори во Реал Мадрид.

Со ова практично беа демантирани сите приказни дека постои некаков договор или конкретни преговори околу преселба на Халанд на Сантијаго Бернабеу.

Дополнителен аргумент против такво сценарио е и фактот што Халанд неодамна потпиша нов договор со Манчестер Сити, кој важи до 2034 година.

Иако Реал Мадрид со години се поврзува со еден од најдобрите напаѓачи во светот, барем засега нема индиции дека Норвежанецот е блиску до заминување од Итихад.