Фудбал

ГРИНВУД СЕ СЕЛИ ВО ИТАЛИЈА!

Мејсон Гринвуд е пред голем трансфер во Серија А, откако Олимпик Марсеј наводно ја прифатил понудата од Рома вредна 50 милиони евра.

Според италијанските медиуми, англискиот напаѓач е многу блиску до преселба во Рим, каде што „волчицата“ го гледа како едно од клучните засилувања за следната сезона во партнерство со Мален и Дибала.

Гринвуд зад себе има одлична сезона во дресот на Марсеј и повторно го привлече вниманието на најголемите европски клубови. Челниците на Рома не чекаа многу, реагирале најконкретно и испратиле понуда што францускиот клуб решил да ја прифати.

Сега останува да се договорат последните детали околу личните услови на фудбалерот, по што трансферот би требало да биде официјализиран пред Светското првенство.

Доколку зделката биде комплетирана, Гринвуд ќе стане едно од најскапите засилувања во историјата на Рома и едно од најголемите имиња што ова лето ќе пристигнат во италијанскиот шампионат.

На Олимпико веруваат дека 23-годишниот Англичанец може да биде играчот кој ќе направи разлика во битката за врвот во Серија А и за настапите во европските натпреварувања.