Фудбал

24-48 ЧАСА ГО ДЕЛАТ ЈУНАЈТЕД ОД ПРВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ЛЕТОВО

Манчестер Јунајтед е на чекор до првото засилување во летниот трансфер период. Според новинарот Енди Митен, трансферот би можел да биде комплетиран во следните 24 до 48 часа.

Црвените ѓаволи подготвуваат големо освежување на тимот пред новата сезона, а приоритет е средниот ред. Клубот сака да донесе неколку нови играчи кои ќе му помогнат на Бруно Фернандеш и Коби Мајну и ќе создадат поконкурентен тим за настапите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Најблиску до Олд Трафорд во моментов е играчот на Аталанта, Едерсон. Бразилскиот репрезентативец веќе подолго време се поврзува со англискиот гигант, а според трансфер-експертот Фабрицио Романо, договорот е многу блиску до реализација.

Очекувам трансферот да се реализира, освен ако не се случи нешто навистина лудо.

Јунајтед планира значајни промени во играчкиот кадар, а доаѓањето на Едерсон би било првиот голем чекор во обновата на тимот. Бразилецот зад себе има одлична сезона во дресот на Аталанта и важи за еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.

Доколку нема неочекуван пресврт, Едерсон би можел многу брзо да стане нов фудбалер на Манчестер Јунајтед.