Фудбал

ИМА И ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ: ВАКА БИ ИЗГЛЕДАЛА ЈУГОСЛАВИЈА НА ПРЕТСТОЈНОТО СВЕТСКО

Како би изгледала модерна Југославија на Светското првенство 2026? Според анализата на порталот GiveMeSport, ваков тим денес би бил сериозна сила и еден од најнезгодните состави на турнирот.

Порталот прави анализа позиција по позиција, но наместо тоа за вас решивме да го скратиме читањето и да преминеме директно на стартните 11, кој изгледа импресивно и комбинира ѕвезди од сите поранешни југословенски републики.

Во формација 3-5-2, на голот би бил словенечкиот чувар на мрежата Јан Облак, додека во одбраната би биле Јошко Гвардиол, Страхиња Павловиќ и Никола Миленковиќ.

По крилните позиции би дејствувале Иван Перишиќ и Амар Дедиќ, а средниот ред би изгледал спектакуларно, Лука Модриќ, Матео Ковачиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Во нападот местото би го заземале Бенјамин Шешко и Душан Влаховиќ, комбинација што многумина веќе ја гледаат како една од најопасните во Европа.

На клупата, пак, би имало сериозна длабочина, Един Џеко како „супер-џокер“, Андреј Крамариќ, Марио Пашалиќ, Саша Лукиќ, Немања Гудељ, Јосип Станишиќ, Јака Бијол, Сеад Колашинац, Марин Понграчиќ и други познати имиња меѓу кои се и две македонски.

Според Англичаните, Македонија би имала двајца претставници, Елиф Елмас како важна опција во средниот ред и Столе Димитриевски како трет избор меѓу голманите зад Облак и Вања Милинковиќ-Савиќ.

Таков состав, според многумина, без проблем би конкурирал за самиот врв на Светското првенство и би бил тим што никој не би сакал да го добие во нокаут фазата.