ЛИВЕРПУЛ ЗАГРИЗА ПО РАФА ЛЕАО
Објавено на: 01.06.2026
Ливерпул сериозно ја следи ситуацијата околу Рафаел Леао, кој со своите последни изјави практично најави заминување од Милан по крајот на сезоната.
Неговите зборови доаѓаат по тешка сезона, во која и самиот призна дека поминал низ сериозни физички и психолошки предизвици, најавувајќи дека сака да се проба во друга лика.
Според италијанските медиуми, но и англиските, премиерлигашите се прва опција за Португалецот, а покрај интересот на Јунајтед, Арсенал и Челси, во трка влегува и Ливерпул кој бара замена за Салах.
Мислам дека сум подготвен за нов исчекор во кариерата и проба во друга лига. Дадов се од себе за Милан овие години.
Леао има договор со Милан до 2028 година и откупна клаузула од 175 милиони евра, но италијанските медиуми тврдат дека росонерите би биле подготвени да преговараат за значително помала сума, меѓу 50 и 60 милиони евра, со оглед на игрите на Португалецот во претходните 2 сезони во кои е бледа сенка на она што беше неколку сезони претходно.
Според англиските медиуми блиски до Ливерпул, клубот веќе направил првични контакти и распрашувања околу достапноста на Леао, следејќи дали трансферот може да стане реална можност ова лето. На Енфилд го гледаат како фудбалер што со брзината, дриблингот и способноста да игра на повеќе офанзивни позиции може да донесе нова димензија во нападот.
Покрај Ливерпул, интерес покажуваат и Манчестер Јунајтед, Челси и Арсенал, додека не се исклучува ниту вклучување на други премиерлигаши доколку Милан навистина реши да го пушти својот офанзивец.
Леао и претходно зборуваше позитивно за англискиот фудбал, а за таа цел издвојуваме една негова изјава од минатата сезона.
Често ја гледам Премиер лигата. Особено ми се допаѓа Манчестер Јунајтед поради Кристијано Роналдо, кој е мој идол, но го следам и Арсенал.
На 26 години, Леао и понатаму важи за еден од најексплозивните крилни напаѓачи во Европа, играч способен сам да го промени текот на натпреварот. Затоа неговото име би можело да биде едно од најжешките на летниот трансфер-пазар.