Фудбал

САФОНОВА ГО „ПРОШВЕРЦУВА“ РУСКОТО ЗНАМЕ НА ФИНАЛЕТО

Интересна сцена го привлече вниманието по финалето на Лигата на шампиони и славјето на ПСЖ.

По победата над Арсенал и освојувањето на европската титула, сопругата на рускиот голман на ПСЖ, Матвеј Сафонов, Марина Сафонова, се појави на теренот со руско знаме.

Но приказната доби дополнителна димензија поради начинот на кој тоа било направено. Според странските медиуми, внесување руско знаме на стадионот за финалето не било дозволено, па Марина наводно решила сама да импровизира и изработила знаме од пластични кеси во боите на Русија.

По прогласувањето на победникот, Сафонова го поставила импровизираното знаме врз себе и се симнала од трибините кон теренот, каде фудбалерите на ПСЖ го славеле освојувањето на титулата.

Сцената брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции, бидејќи многумина останаа изненадени од нејзината идеја и симболичниот потег за време на прославата на европската титула на парискиот клуб.