Останато

НАЈНОВ ЈАВЕН ИСПАД НА КОНТРОВЕРЗНИОТ МЕКГРЕГОР!

Ирскиот ММА борец ја откажал последната борба која беше закажана за 10-ти јуни на УФЦ 264, против Дастин Поарие поради коментарите на Американецот изнесени во јавноста.

Наводно, Конор МекГрегор реагира на наводите на Поарие во кои тој тврди дека Ирецот се согласил да донира 500.000 американски долари во добротворни цели:

Готов си, сеља*иште. Зошто мрдаш со ушите? Мозокот ти е умрен. Јас не давам толку пари, ако не знам каде ги давам, без план. Изгледа дека не знаеш со парите. Борбата е откажана. Ќе се борам со некој друг на тој датум, а тебе ти посакувам среќа со твојот стар договор.

Овие двајца, досега се бореа двапати, скорот е 1:1. На УФЦ 178 во 2014-та победи МекГрегор, додека на УФЦ 257 оваа година, славеше Поарие. Двете борби завршија со (технички) нок-аут.