Фудбал

ЌЕ ИГРА ЛИ ЈАМАЛ НА СВЕТСКО? СТИГНА КОНЕЧНА ПРОГНОЗА

Нов удар за Ламин Јамал и за Шпанија!

Најновите информации откриваат дека младата ѕвезда речиси сигурно нема да биде подготвена за стартот на Светско првенство 2026.

18-годишниот офанзивец на Барселона се повреди на крајот од април на натпреварот против Селта Виго, откако претходно го реализираше победничкиот пенал. Првичните прогнози од Каталонија беа оптимистички и укажуваа дека операција нема да биде потребна, а закрепнувањето се проценуваше на шест до осум недели.

Сепак, во таборот на Шпанија се многу повнимателни околу неговото враќање.

Според актуелните проценки, Јамал сигурно ќе го пропушти првиот меч од групата Х против Зеленортски Острови, закажан на 15 јуни во Атланта. Под сериозен знак прашалник е и неговиот настап против Саудиска Арабија, додека најреално сценарио во моментов е враќање за последниот натпревар во групата против Уругвај на 26 јуни.

Селекторот Луис де ла Фуенте и неговиот стручен штаб не сакаат да ризикуваат со пребрз камбек, иако медицинските извештаи покажуваат дека закрепнувањето оди во добра насока.

Евентуалното отсуство на Јамал на стартот на турнирот би било сериозен удар за актуелниот европски шампион, а како можни замени на десната крилна позиција се споменуваат Нико Вилијамс и Јереми Пино.