Фудбал

ПОТЕГОТ ЗА ПОЧИТ НА Г-ДИН МАНУЕЛ НОЕР

Баерн Минхен ја заврши сезоната со убедлива победа од 5:1 против Келн и прослава на новата титула во Бундеслига, но моментот што ја одбележа прославата не беше резултатот туку потегот на Мануел Ноер.

Легендарниот голман и капитен на Баерн го доби трофејот, но наместо прв да го подигне, го повика Леон Горецка и му го препушти најемотивниот момент од вечерта.

Горецка останал изненаден од гестот и се обидел да го убеди Нојер заедно да го подигнат пехарот, но искусниот голман сакал целиот момент да му припадне само нему, свесен дека германскиот играч за врска летово го напушта клубот.

Со тој потег Нојер уште еднаш покажа зошто важи за еден од најголемите лидери во модерниот фудбал.

Горецка во Баерн пристигна во 2018 година од Шалке и во дресот на баварскиот гигант одигра повеќе од 300 натпревари, освојувајќи речиси сè што можеше да се освои.

Иако вечерта ја одбележа и хет-трикот на Хари Кејн, сцената со Нојер и Горецка остана најсилната слика од шампионската прослава, тивка, едноставна и голема.