ТИПУВАМЕ

ВИКЕНДАШКИ ТИКЕТ НА КОЛОТО ОД ИГОР ТРПЕСКИ

Ново коло, нов тикет, нова шанса за добивка!

Фудбалската сезона влегува во најинтересниот, решавачки период, а токму викендов има неколку натпревари што едноставно „мирисаат“ на добитен тикет.

Избрав 5 натпревари со одлични коефициенти и реални шанси да поминат, па ако сте расположени за викенд тикет, не заборавајте да го уплатите во сабота од 9 до 11 часот, затоа што така добивате 10% плус со HAPPY HOUR бонусот во сите обложувалници на Златна Копачка.

Ова се моите предлози:

М. СИТИ : БРЕНТФОРД – 1 & 2+ 2P
Сити ретко киксира на домашен терен и најчесто го крши отпорот на противникот во второто полувреме. Брентфорд знае да игра отворен и напаѓачки фудбал, па со оглед на тоа очекувам Сити да победи и во вторите 45 минути да видиме повеќе од 2 гола.

ВЕСТ ХЕМ : АРСЕНАЛ – ГГ
Арсенал секогаш игра офанзивно кога му требаат голови, а токму сега кога се бори за титула тоа е единствениот начин да ја одржи предноста пред Сити. Од друга страна Вест Хем на домашен терен скоро секогаш создава гол шанси, што значи дека ова ќе биде натпревар со голови на двете страни.

ЛЕЧЕ : ЈУВЕНТУС – 2
Лече е незгоден домаќин кој знае да направи изненадување, но факт е дека Јувентус има далеку поквалитетен состав и едноставно мора да победи за да потврди пласман во Лигата на шампионите бидејќи Ромо и Комо им дишат во врат. Чиста двојка.

МИЛАН : АТАЛАНТА – 2+ 2P
И Милан, и Аталанта играат далеку поотворено во второто полувреме, особено кога резултатот е активен. Очекувам темпото да се забрза после паузата и да видиме најмалку 2 гола во вторите 45 минути од натпреварот. Инаку, да не додавам дека коефициентот е одличен за оваа игра.

ХОФЕНХАЈМ : ВЕРДЕР БРЕМЕН: 1
Хофенхајм сезонава игра многу подобро дома и искрено верувам дека ќе ја искористи предноста на домашниот терен против Вердер, кој цела година има големи осцилации во својата игра кога е на гости. Дополнително, Леверкузен и Штутгарт играат меѓусебен дуел што го прави овој тип уште посигурен.

Кодот за уплата на овој тикет е: 111630