Фудбал

ВАЈТ ПРЕЈДЕ ПРЕКУ ЛОГОТО, СИМЕОНЕ ЗБЕСНА (ВИДЕО)

Тензиите по ремито меѓу Атлетико Мадрид и Арсенал (1:1) не завршија со последниот судиски свиреж. Во центарот на вниманието се најде Бен Вајт, кој со еден потег предизвика вистински хаос.

Додека играчите го напуштаа теренот, повеќето свесно го избегнуваа клупското лого на Атлетико на тревата, како знак на почит кон домаќинот. Но Вајт помина директно преку грбот, што веднаш го испровоцира Џулијано Симеоне. За кратко време, играчи од двата тима се собраа околу нив, а ситуацијата ескалираше кога се вмеша и тренерот Диего Симеоне.

Аргентинецот видливо изнервиран му пријде на Вајт, го оттурна и неколку пати го удри по грбот, по што дојде до вербален судир. Обезбедувањето мораше да реагира за да спречи поголем инцидент, а актерите брзо беа оттурнати кон тунелот.

Инцидентот само ја заокружи тешката вечер за Вајт, кој претходно направи и пенал по игра со рака. По ВАР проверка, судијата Дани Макели покажа на белата точка, а Хулијан Алварез сигурно реализираше.

Ситуацијата дополнително ја коментираше и легендата на Арсенал Мартин Кион, кој порача дека ваквите реакции мора да останат во границите на спортскиот дух.