Фудбал

СИДОРФ ВО ЕКСТАЗА ПО СПЕКТАКЛОТ: ТОЈ Е НАЈДОБАР ИГРАЧ ВО СВЕТОТ

Спектаклот меѓу ПСЖ и Баерн Минхен донесе девет голови и вистинска фудбалска драма, но едно име повторно беше во центарот на вниманието: Квича Кварацкелија.

Грузискиот офанзивец одигра уште една извонредна партија, а неговата форма не остана незабележана ниту кај легендарниот Кларенс Сидорф, кој беше воодушевен од неговото издание.

Кварацкелија. е најдобриот играч на светот во моментов и ќе биде уште подобар. Не знам дали ќе остане на левата страна, бидејќи едноставно знае што да направи во секоја ситуација. Во клучните моменти ја носи екипата, а најмногу ми се допаѓа неговата интелигенција, тој е дополнителен играч во средниот ред, но и оној што ја прави разликата во нападот.

Холандската легенда не го криеше своето воодушевување и додаде дека ваквите играчи се реткост на денешната сцена, бидејќи комбинираат техника, визија и одлучност во најважните моменти.

По вакви настапи и вакви пофалби, јасно е дека Кварацкелија моментално игра фудбал на највисоко можно ниво и се наметнува како еден од највлијателните играчи во Европа.