Фудбал

БАЕРН Е ОШТЕТЕН СПОРЕД ЛЕГЕНДАРНИОТ СУДИЈА

Голема дебата се отвори по првото полувреме меѓу ПСЖ и Баерн Минхен, откако францускиот тим поведе со 3:2 по пенал реализиран од Осман Дембеле.

Ситуацијата што ја вивна дискусијата на социјалните медиуми се случи по центаршут на Дембеле, кога топката најпрво го погоди Алфонсо Дејвис во ногата, па потоа се одби во неговата рака. Иако според судиските насоки ваквите ситуации најчесто не се санкционираат, ВАР реагираше и го повика главниот судија Сандро Шерер да ја прегледа снимката.

По проверката, Шерер одлучи да покаже на белата точка, одлука што веднаш предизвика бројни реакции.

Своето мислење го даде и поранешниот познат судија Марк Клатенбург, кој смета дека одлуката е престрога.

Според него, раката на Дејвис била премногу блиску до телото, а дополнително, топката прво се одбила од неговата нога, фактор што вообичаено се зема предвид при вакви ситуации.

Контроверзниот пенал повторно ја отвори дебатата за критериумите за игра со рака и улогата на ВАР во клучните моменти од натпреварите, особено кога влогот е место во финалето на Лигата на шампионите.