Фудбал

ИТНА ОПЕРАЦИЈА И КРАЈ НА СЕЗОНАТА ЗА МОДРИЌ

Лука Модриќ мораше итно да биде опериран по повредата што ја заработи во судир со Мануел Локатели на вчерашното дерби со Јувентус. 

Хрватскиот капитен се повреди по силен дуел со главите, по што остана да лежи на теренот и предизвика сериозна загриженост. По деталните лекарски прегледи било утврдено дека станува збор за скршеница на јагодичната коска, поради што лекарите решиле дека операцијата е најбезбедно решение.

Интервенцијата била извршена во Милано и според првичните информации, поминала успешно.

Очекувањата се дека Модриќ ќе биде надвор од терените околу 3 до 4 недели, по што би можел да се врати со заштитна маска. Тоа значи дека, доколку закрепнувањето оди според планот, неговиот настап за Хрватска на Светското првенство не би требало да биде доведен во прашање.

И покрај сериозноста на повредата, добрата вест за Хрватите е што нивниот лидер би можел релативно брзо да се врати на терен и повторно да ја предводи репрезентацијата.