Фудбал

ФАНТАСТИЧЕН ГЕСТ: КОРЕОГРАФИЈА ЗА ЖЕНА КОЈА 27 ГОДИНИ РАБОТИ ЗА КЛУБОТ

Навивачите на Гоу Ахед Иглс, уште еднаш покажаа зошто се меѓу најкреативните во Европа, приредувајќи емотивен момент кој го обиколи фудбалскиот свет.

Во ремито 0:0 против АЗ Алкмар, тие подигнаа огромно тифо посветено на Карла, вработена во пералната и опремата, која цели 27 години работи во клубот.

На тифото беше прикажана Карла со насмевка, опкружена со дресови од различни епохи, како симбол на нејзината долга и посветена служба. Пораката беше јасна, благодарност за личност која не е на теренот, но е дел од секој успех.

Емоциите беа неизбежни.

Карла не можеше да ги сокрие солзите, додека целиот стадион стана на нозе и ѝ аплаудираше. Овој гест беше изненадување, организирано непосредно пред нејзиното пензионирање на крајот од сезоната.