ТИПУВАМЕ

ОВОЈ ПАТ ДОБИВКАТА НЕМА КАЈ ДА БЕГА: ПРЕДЛОГ ТИКЕТ НА ИГОР ТРПЕСКИ

Доколку го одигра претходниот мој тикет уплатен во Златна Копачка, веројатно и тебе Атлетик Билбао не ти донесе добивка бидејќи ја игравме Т1 2+, а заврши 1:0.

Но сега, добивката верувам дека нема кај да бега, па затоа подготвив 6 нови парови, а мој совет е да го уплатиш утре од 9 до 11 часот, бидејќи ќе добиеш и 10% поголема добивка поради HAPPY HOUR викенд бонусот во сите обложувалници на Златна Копачка.

Еве што ќе играме викендов:

ЛИВЕРПУЛ vs К. ПАЛАС: 1

Ливерпул како да фати залет, има 2 победи по ред и со победа против Кристал Палас ќе биде на чекор до пласман во Лигата на шампионите следна сезона, нешто што ќе биде голем успех за Слот и другарите со оглед на целата сезона.

АРСЕНАЛ vs ЊУКАСЛ: ГГ

Арсенал мора на победа доколку сака титула, а отворениот гард на домаќините верувам дека ќе го искористат гостите кои очекувам да постигнат гол. Истото посекако го очекувам и од топчиите, а коефициентот е одличен за оваа игра.

 


.
ВАЛЕНСИЈА vs ЖИРОНА: 2+ второ полувреме  

Головите ги очекувам уште од прво полувреме, но за повисок коефициент ќе пробаме головите да бидат во второто полувреме. Домаќините треба да бидат попретпазливи бидејќи се на 3 бода од зоната за релегација, но покажаа дека знаат да одиграат на голови во последните натпревари па од таму и доаѓа овој тип.

МИЛАН vs ЈУВЕНТУС: ГГ  

Битка за третото место во Серија А и големо дерби на Сан Сиро. Домаќините се вратија на победите, неубедливо, но со 3 бода, додека гостите доаѓаат окуражени по добрата партија во неделата. Затоа ќе пробам ГГ, бидејќи очекувам голови „на големо“.

ТОРИНО vs ИНТЕР: ГГ  

Интер ќе биде фаворит, но веруваме дека предноста од 12 бода пред Милан и Наполи ќе влее доза на релаксираност кај лидерите на табелата. Торино да постигне гол, а и Интер исто така е одличен коефициент, па наместо 2 ќе одиграм со ГГ.

ДОРТМУНД vs ФРАЈБУРГ  

Ни на Дортмунд, а ни на Фрајбург не им играат улога бодовите, па затоа растеретени ќе типуваме на голови, односно барем 1 во прво и барем 1 во второ.

Кодот за овој тикет доколку ти се допаѓа е: 60033