ШПАНИЈА ВО ШОК: СТИГНАА ПРВИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОВРЕДАТА НА ЈАМАЛ
Објавено на: 23.04.2026
Сериозна загриженост владее во Барселона и шпанската репрезентација поради повредата на Ламин Јамал.
Младиот ас го напушти натпреварот против Селта веднаш откако реализираше пенал. Само неколку секунди подоцна се сруши на тревата, држејќи се за задната ложа, по што со видлива болка замина во соблекувалната.
Lamine Yamal buries it but goes down injured after 😭😭😭 pic.twitter.com/2rLG35rTpa
— Stop That Messi (@stopthatmessiii) April 22, 2026
Првичните информации не се охрабрувачки. Според шпанските медиуми, постои сомнеж за кинење на мускулот, но конечната дијагноза ќе биде позната по дополнителните прегледи.
Доколку се потврди најлошото сценарио, последиците би можеле да бидат сериозни, не само за Барселона, туку и за Шпанија пред Светското првенство.
Тежината на повредата ќе ја одреди и должината на паузата:
- полесно истегнување: 1–3 недели
- делумно кинење: 4–8 недели
- целосно кинење: 3–6 месеци
Во најлош случај, Јамал би можел да го пропушти почетокот на Светското првенство, што би било огромен удар за тимот.
Во моментов владее неизвесност. Во Барселона со нетрпение ги чекаат резултатите, додека во репрезентацијата расте стравот дека еден од клучните играчи може да отсуствува од најголемата сцена.
Јамал оваа сезона блеска со бројки што ретко се гледаат за негови години и тоа 25 голови и 18 асистенции во 46 настапи.