ХАОС ВО РЕАЛ: ИГРАЧИ ОДБИЛЕ ДА ПАТУВААТ
Објавено на: 21.04.2026
Реал Мадрид минува низ една од најтурбулентните фази во поновата историја, а проблемите очигледно се многу подлабоки од самите резултати.
Сезона без трофеј, и тоа втора по ред, веќе е сериозен аларм. Но информациите што излегуваат од соблекувалната на Реал Мадрид откриваат нешто уште позагрижувачко: нарушена дисциплина и авторитет во соблекувалната.
Според шпанските медиуми, неколку играчи одбиле да патуваат на гостувањето кај Селта во Виго, што предизвикало вистинска паника во клубот. Станува збор за Едуардо Камавинга, Дани Карвахал, Раул Асенсио и Алваро Карерас. Дополнително беше откриено дека Едуардо Камавинга и Алваро Карерас имале оправдани причини, Французинот поради силна забна инфекција, а шпанскиот бек поради суспензија.
Сепак, останува мистерија зошто Дани Карвахал и Раул Асенсио не сакале да патуваат со тимот, бидејќи нивните причини не беа јавно објаснети.
Во таа атмосфера, изјавата на тренерот Алваро Арбелоа добива ново значење:
Бев многу среќен со играчите кои сакаа да дојдат.
Реченица која денес звучи како јасна порака дека не сите биле на иста линија.